Дома Моторспорт Дали ова е крајот: Хамилтон веќе размислувал за пензија?

Дали ова е крајот: Хамилтон веќе размислувал за пензија?

Луис Хамилтон сѐ уште ја бара вистинската форма во Ферари, а претставникот на ФИА, Дерек Ворвик, смета дека седумкратниот шампион можеби веќе размислува за крај на кариерата. По слабата изведба во Шпанија, многумина се прашуваат дали преминот во Ферари беше вистинската одлука за британскиот возач.

Дерек Ворвик во разговор со Плејмо го искажа своето мислење за формата на Хамилтон и актуелната ситуација.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Не знам зошто Луис Хамилтон не може да се активира во Ферари. Тоа навистина е енигма”, рече Ворвик.

Ворвик отворено признава дека би сакал да го види Хамилтон како повторно победува и се бори за титулата.

„Дали сакам Луис повторно да победува и да ја брка титулата? Апсолутно. Тој тоа го заслужува. Ја заслужува таа осма титула.”

Но, исто така се сомнева дека тоа може да се случи оваа сезона.

„Тоа нема да се случи оваа година и ако работите продолжат вака, се сомневам дека веќе размислува за пензија“, вели тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ферстапен е во преговори со четири екипи од Ф1?

Макс Ферстапен наводно ги разгледува сите опции за 2026 година и понатаму. Иако има важечк…