Дома Фудбал Дали Нејмар ќе игра на Мундијалот? „Ништо не му должам…“

Дали Нејмар ќе игра на Мундијалот? „Ништо не му должам…“

По ждрепката за Светското првенство 2026 во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави, стана познато дека Бразил ќе биде во групата Ц, каде што се уште Мароко, Шкотска и Хаити.

Селекторот на петкратните светски шампиони Карло Анчелоти оцени дека групата во која ќе играат е тешка и објасни зошто.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мароко беше многу добар на претходното Светско првенство 2022 во Катар, каде стигнаа до полуфиналето, а Бразил беше елиминиран во четвртфиналето. Шкотска има многу силен тим. Ќе биде многу тешко“, оцени 66-годишниот Италијанец.

Главното прашање до популарниот Дон Карло беше врзано со најдобриот стрелец во историјата на Бразил – дали ќе смета на Нејмар?

„Ако Нејмар заслужи да игра на Светското првенство, односно ако е во форма и подобар од другите, ќе игра“, не се изјасни целосно Анчелоти, но подвлече со овие зборови:

„Никому ништо не должам.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лондонски клубови со интерес за Стeрлинг

Кариерата на Рахим Стeрлинг е во сериозен застој веќе некое време. 31-годишниот играч на Ч…