Дома Фудбал Дали Мундијалот може да биде одложен? Се огласи директор на ФИФА

Дали Мундијалот може да биде одложен? Се огласи директор на ФИФА

Во последно време многумина се прашуваат дали е возможно да се одложи Светското првенство во фудбал, кое е предвидено да стартува во јуни.

На ова и многу други прашања одговор даде оперативниот директор на Светското првенство на ФИФА, Хајм Ширги, кој изјави дека турнирот е преголем за да се одложи поради израелско-американските напади врз Иран.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ширги подвлече дека ФИФА внимателно го следи конфликтот во Иран и неговите последици.

“Доколку имав кристална топка, можев да ви кажам што ќе се случи, но очигледно е дека ситуацијата се развива. Се менува секој ден и внимателно ја следиме”, рече Ширги за Светското првенство кое би требало да се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, САД и Мексико.

“Соработуваме со сите наши национални и меѓународни партнери за да ја оцениме ситуацијата. Ја разгледуваме секојдневно и во некој момент ќе имаме решение. Се разбира, Светското првенство ќе се одржи, нели? Првенството е преголемо и се надеваме дека сите квалификувани ќе можат да учествуваат.”

Да потсетиме, на почетокот на годината се појавија информации за можен бојкот на турнирот, кои пристигнаа од Германија.

Еден од потпретседателите на Германскиот фудбалски сојуз, Оке Готлих, изјави дека репрезентациите би требало да размислат за бојкот на Светското првенство 2026-та година поради однесувањето и постапките на американскиот претседател Доналд Трамп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во Англија: Навивачите тврдат дека извлекувањето на ФА купот е наместено и дека веќе се знае кој оди во финале

Денеска беа извлечени паровите за осминафиналето на ФА купот, а не требаше многу за љубите…