Кошаркарите на Милвоки го победија Далас во Тексас со 132:117, потврдувајќи ја нивната одлична форма. Ова беше нивната шеста победа во последните седум натпревари.
Најефикасни кај победниците беа Јанис Адетокумбо со 29 и Демијан Лилард со 28 поени. Одличен беше и Гери Трент со 20 поени, а Кузма додаде десет поени со осум скокови.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Кајри Ирвинг со 31 поен беше најефикасниот играч на натпреварот, додека по 16 поени постигнаа Клеј Томпсон и Џејден Харди. Да потсетиме, поради повреда, во тимот на Далас сè уште го нема Ентони Дејвис.