Иако Барселона вчера преку доверливи извори, но без официјално соопштение, потврди дека ги решила сите проблеми, денес пристигна демант!
Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија (ФФШ) издадоа официјално соопштение во кое наведоа дека барањето на Барселона е одбиено.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Иако Барселона приложила дополнителна документација, проблемот всушност се крие во правилото на Ла Лига кое вели дека играч чиишто регистрации се прекинати поради каква било причина, не може повторно да биде регистриран во истата сезона.
Извори објавуваат дека Ла Лига попуштила под силен притисок од другите клубови, а иако Барселона нашла “дупка” во законот и побарала регистрација во случај на “непредвидени околности” кои потоа се решени, конечниот одговор беше “НЕ”.
Сега на Барса ѝ останува да оди на суд, што и ќе го направи, но не треба да се заборави дека претходно две жалби веќе беа одбиени.
Каталонците немаат намера да се предадат, но очигледно е дека Жоан Лапорта погрешил и сега прави сѐ за да ги прикрие грешките на Барселона.
Сега судот ќе мора да покаже дали погрешил или не, но штетата е сепак голема, особено што на Дани Олмо и Пау Виктор вчера им било соопштено дека сите проблеми се решени…
Најлошото во сето ова е што медиумите откриваат дека Олмо е разочаран и изигран, па сега неговата иднина е во неизвесност.