Дома Останати Кошарка Четириесетгодишниот Леброн блескаше во победата на Лејкерси

Четириесетгодишниот Леброн блескаше во победата на Лејкерси

Во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Во последниот меч од вечерта, Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада Портланд со резултат 114:106.

Најстариот играч во лигата, Леброн Џејмс, кој пред само три дена наполни 40 години, одигра одличен натпревар.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Леброн за 36 минути поминати на теренот постигна 38 поени, забележа три скока и додаде осум асистенции.

Тој имаше одлична шутерска вечер, особено кога е во прашање прецизноста од далечина. Погоди 7/10 од зад линијата за три поени, а вкупно погоди 15 од 25 удари од поле.

Одлична вечер имаше и Макс Кристи со 28 поени. Кај Портланд најдобар беше Анферни Симонс со 23 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Земјотрес“ во НБА: Јанис се сели во редовите на голем ривал!?

Еден од најдобрите НБА „инсајдери“ и аналитичар на мрежата ESPN, Брајан Виндхорст, најави …