Дома Фудбал Четири години од една од најголемите победи во историјата на Македонија (Видео)

Четири години од една од најголемите победи во историјата на Македонија (Видео)

Пред точно четири години Македонија ја направи една од најголемите сензација во својата историја победувајќи ја Германија во Дуизбург со 1-2.

Нашите репрезентативци одигра одличен натпревар и со головите на Пандев и Еламс ја шокираа Германија на нивен терен. Натпреварот започна со доминација на Германија, но заврши со голема победа на нашата репрезентација.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Леон Горетцка во 9.минута прими топка во нашиот шеснаесетник, биеше силно но ја погоди само пречката од нашиот гол. Во 27.минута уште една убава шанса за домашната селекција, Гнабри упати удар од страна, а Димитриевски со нога го одбрани неговиот шут.

Македонија се закани во 40.минута преку Адеми кој ја зафати топката по центаршутот на Алиоски, но голманот Тер Штеген со крајни напори го спаи негобиот гол. Ова беше најава ма многу подобра игра на Макеоднија која додје до предност во судиското надополнување на првото полувреме преку капитенот Горан Пандев. Алиоски нафрли од лево , а Барди ја сочека топката и го проигра Пандев кој го совлада гоманот на Германија за водство на Македонија од 1:0 по првите 45 минути.

Германија дојде до израмнување на резултатот со голот на Гундоган од пенал во 63.минута откако судијата виде прекршок од Алиоски над Саен во нашиот шеснаесетник. Македонија во финишот од средбата дојде до предност со голот на Елиф Елмас во 85.минута откако беше одлично проигран од Адеми и вистински шок за домашните фудбалери.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Велковски, Николов (59. Бејтулаи), Адеми, Барди, Алиоски (90. Ристевски), Елмас, Трајковски (72. Спировски), Пандев (89. Стојановски).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед ја донесе одлуката за Зиркзе!

Играчите на Манчестер Јунајтед се соочуваат со голем притисок, а еден од тие играчи кои се…