Дома Фудбал Челси сака размена со Реал Мадрид: Спремни се да го пуштат фудбалерот од 120 милиони евра?

Челси сака размена со Реал Мадрид: Спремни се да го пуштат фудбалерот од 120 милиони евра?

Енцо Фернандез пристигна во Челси на крајот од јануари претходната година за 121 милион евра од Бенфика. Англиските медиуми пишуваат дека ова лето би можел да го напушти клубот во размена на играчи меѓу Челси и Реал Мадрид. Во спротивната насока би требало да оди Орелиен Чуемени.

Според написите, Реал веќе некое време е заинтересиран за 24-годишниот играч од средината на лондонскиот клуб и аргентинската репрезентација. Она што е јасно е дека Челси не сака да загуби пари на играчот кој скапо го платиле и е под договор до крајот на јуни 2032 година.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Како стандарден член на почетните 11 на Челси, Фернандез оваа сезона постигна пет голови и девет асистенции во 34 одиграни натпревари. Според информациите од англиските медиуми, Фернандез не би имал ништо против од договор во кој би завршил во Мадрид.

Чуемени, кој Карло Анчелоти го користи на позиции на дефанзивен играч од средината и во последниот ред, е под договор со Реал до летото 2028 година. Transfermarkt го проценува на 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Бразил ја избра замената за Нејмар во репрезентацијата

Бразилската фудбалска репрезентација го повика младиот напаѓач на Реал, Ендрик, како замен…