Дома Фудбал Чеферин: Фудбалската инфраструктура во Италија е срамна, најлоша е во Европа!

Чеферин: Фудбалската инфраструктура во Италија е срамна, најлоша е во Европа!

Александар Чеферин ja критикуваше состојбата на стадионите во Италија и тврди дека е полоша отколку во било која друга голема фудбалска земја во Европа.

Пред реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампиони во кој Интер ќе ја пречека Барселона, претседателот на УЕФА зборуваше за „SportMediaset“ и, меѓу другото, разговараше за стадионот „Џузепе Меаца“ и неуспешниот обид тој да биде место каде што ќе се игра финалето на Лигата на шампиони.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Мислам дека фудбалската инфраструктура во Италија е срамна“, рече Чеферин.

„Вие сте една од најголемите фудбалски земји, освоивте светски и европски првенства, Лигата на шампиони. Но во исто време, меѓу големите фудбалски земји ја имате најлошата инфраструктура.

Веќе сум малку уморен од овие приказни за инфраструктурата во Италија. Сè завршува само на приказни. Се надевам дека Италија нешто ќе направи. Клубовите имаат потреба од помош од државата, локалните заедници, па дури и од приватни инвеститори. Време е за акција, состојбата е навистина лоша“, рече Чеферин.

„Мислам дека и владата сега разбира дека е крајно време да се направи нешто. Имам голема доверба во Габриел Гравина кој е и мој заменик. Знам дека ќе направи сè што е во негова моќ. И сигурен сум дека Италија ќе биде домаќин на Европското првенство 2023 година“, изјави тој.

Сите очекуваат дека заедничката кандидатура на Турција и Италија ќе добие зелено светло за домаќинство на Еуро 2032, но најновите изјави на главниот човек на УЕФА се јасно предупредување за Италија дека мора посериозно да ја сфатат работата што треба да се заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл каков не се памети, Интер е во финале

Интер и Барселона одиграа легендарно полуфинале со 13 гола и на крајот Интер се пласира во…