Дома Фудбал Бунт во Норвешка: Клубовите сакаат да го укинат ВАР-системот

Бунт во Норвешка: Клубовите сакаат да го укинат ВАР-системот

ВАР-технологијата во Норвешка се користи од 2023 година, а желба на повеќето клубови е да се укине веќе следната сезона. Во Шведска минатата година беше одлучено дека шведските елитни лиги нема да го воведат системот за видео анализа.

Во Норвешка, поголемиот дел од фудбалските клубови се изјаснија против користењето на видео асистентот за судиски одлуки. Во гласањето, во кое учествуваа 32 клуба, 19 од нив одлучија да го укинат, додека 13 беа против укинувањето. Норвешката лига сега бара од Норвешката фудбалска федерација што побрзо да го укине системот за видео анализа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Норвешките медиуми пишуваат дека норвешката федерација треба во март да донесе одлука дали ќе ги прифати барањата на клубовите.

ВАР во Норвешка се користи од 2023 година, а желба на повеќето клубови е да се укине веќе следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…