Дома Фудбал Борусија испадна од Лигата на шампиони и заработи 102 милиони евра

Борусија испадна од Лигата на шампиони и заработи 102 милиони евра

Борусија Дортмунд и Астон Вила во реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампиони на своите стадиони ги победија Барселона (3:1) и ПСЖ (3:2), но не успеаја да ги надоместат заостанувањата од првите натпревари и беа елиминирани.

Сепак, англискиот и особено германскиот клуб ќе се утешат со фантастичните бонуси кои ќе ги добијат од УЕФА за успесите во елитното натпреварување. Астон Вила се прости од Лигата на шампиони со 83,7 милиони евра, а Борусија Дортмунд, дури со 102,2 милиони евра.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


ПСЖ и Барселона за влез во полуфиналето добија по 15 милиони евра. Францускиот првак досега од Лигата на шампиони заработи 119,4 милиони евра, а шпанскиот лидер 116,6 милиони евра. Напоменуваме дека ова е најнискиот загарантиран износ кој ќе го добијат. Ако влезат во финалето, бонусите дополнително ќе се зголемат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комедија: Погледнете каков гол беше постигнат во македонската Трета лига (Видео)

Несекојдневен момент го одбележа дуелот меѓу Вардар Брвеница и Ренова (3-2), каде што Андр…