Италијанскиот фудбалер Марко Верати би можел да се врати во Европа по нешто повеќе од една година, а според шпанскиот весник „Марка“, актуелниот шампион во Серија А, Интер важи за сериозен кандидат за потписот на овој играч.
Репрезентативниот европски шампион од 2021 година минатиот септември го напушти континентот и се пресели во Катар, но според бројните најави би можел да се врати во Италија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Верати нема поминато ниту една минута на теренот во претходниот месец во редовите на Ал Араби и поради тоа извесно е дека ќе си замине од Катар.
Договорот на Верати истекува на 30 јуни и сигурно дека во Европа не може да очекува дека ќе добива плата од 30 милиони евра годишно колку што има во катарскиот клуб.
Сепак, негова главна мотивација е да се бори за место во репрезентацијата на Италија за Мундијалот кој ќе се игра во 2026 година.