Дома Фудбал „Бомба“ на Ибраими во победата на Шкендија над Силекс (Видео)

„Бомба“ на Ибраими во победата на Шкендија над Силекс (Видео)

Екипата на Шкендија ја продолжи победничката серија и во денешното дерби против Силекс, славејќи со 2-0. Уште еднаш клучен човек за триумфот на тетовци беше искусниот Бесарт Ибраими.

Првото полувреме не донесе премногу возбудувања – голема борба на средината од теренот и малку вистински шанси пред двата гола. Но, продолжението мина во поинаков ритам. Во 50. минута Ибраими со прецизен и силен удар ја затресе мрежата и ја отвори победата на Шкендија. Силекс се обиде да се врати, создаде неколку прилики, но не успеа да погоди, а тоа го плати во завршните моменти кога Красничи со гол стави печат за конечни 2-0.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во вториот натпревар, Работнички и Брера одиграа натпревар со многу голови. Струмичани доминираа во првиот дел и поведоа со 1-3. Во второто полувреме „романтичарите“ се вратија во игра со два гола, но одбраната пак попушти и дуелот заврши со 3-4 во корист на гостите.

Со оваа победа, Шкендија барем привремено го зазеде врвот на табелата, очекувајќи ги резултатите на Вардар и Струга. Силекс остана на четвртата позиција, Работнички со само четири освоени бода продолжува да се мачи на дното, а Брера со 11 бодови е сигурно позициониран во средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Ирска откри што му кажал Роналдо по инцидентот со лакот

Фудбалерите на Португалија во четвртокот не ја искористија можноста да обезбедат пласман н…