
Гостувајќи во студиото на „Sky Sport“, поранешната икона на Милан, некогашен функционер на УЕФА, а денес повторно претседател на Динамо Загреб, Звонимир Бобан го коментираше спектакуларниот натпревар помеѓу Интер и Барселона (3:3) во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите 2024/25 година.
Ова беше еден од најубавите натпревари во последните години кој го остави без зборови, а Бобан притоа откри и интересна анегдота за тоа што му кажа за време на натпреварот, по привремениот втор гол на Интер постигнат од Думфрис, поранешниот тренер Фабио Капело.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Беше спектакуларен, извонреден, преубав натпревар. Кога беше 2:0 за Интер, Капело ми рече: ‘Ќе заврши 3:3’. Можеше да заврши и 5:5. Барселона играше одбрана како во времето на Земан. Интер беше добар, тешко е да се браниш против ваков Јамал, против играчи кои постојано се менуваат и создаваат вишок“, кажа тој.
Фото: Принтскрин