
Ламине Јамал за многумина веќе е еден од најдобрите играчи на светот, но има и такви на кои не им се допаѓа ѕвездата на Барселона, особено поради она што го прави надвор од теренот.
Јамал, со само 16 години, веќе беше фудбалска ѕвезда затоа што воодушеви со своите игри во дресот на Барселона.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Овој 18-годишник во минатата сезона исто така блескаше и беше еден од најзаслужните што каталонскиот клуб успеа да освои тројка во Шпанија.
Поради тоа многумина веруваат дека токму Јамал ќе биде еден од главните кандидати за освојување на Златната топка, заедно со Осман Дембеле, кој блескаше во дресот на ПСЖ.
Но, покрај одличните партии на терен, Јамал често е во центарот на вниманието и поради она што се случува надвор од теренот.
Мнозина сметаат дека е премногу дрзок и дека надвор од теренот не се однесува како што треба, а сé повеќе се и познати личности кои му замеруваат за тие работи.
Тоа го призна и поранешниот француски фудбалер Адил Рами, кој изјави дека едноставно не може да поднесе тоа што Јамал го прави надвор од теренот, но кога е во прашање само фудбалот, му се восхитува целосно.
„Од човечка перспектива не можам да го поднесам Ламине Јамал. Кога е фудбалот во прашање, тој е феноменален и ги симнувам капата пред него”, рече Рами.
Фото: Принтскрин