Дома Фудбал Бекер го „пецна“ Ѓоковиќ: Имаш 38 години, време е за пензија

Бекер го „пецна“ Ѓоковиќ: Имаш 38 години, време е за пензија

Легендарниот германски тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, даде искрен коментар за настапот на српскиот ас на Ролан Гарос, нагласувајќи дека се чувствува дека кариерата на Ѓоковиќ полека влегува во својата завршна фаза.

Според Бекер, Ѓоковиќ не прикажал игра на ниво со кое ја освојувал публиката и трофеите во минатото, а тоа, како што вели, отвора прашања за неговата иднина на професионалната сцена.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Сите знаеме дека Новак има уште еден голем мотив – да ја освои 25. Гренд слем титула и да испише нова страница во историјата на тенисот. Но, гледаме дека остварувањето на таа цел станува сè потешко. Возраста е фактор што не може да се игнорира – има 38 години, телото веќе не реагира како порано, а конкуренцијата станува сè помлада и посилна. Можеби е време за пензија“, изјави Бекер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона доби понуди за Тер Штеген

Неколку клубови испратиле барања до Барселона за можноста да го привлечат на позајмица гол…