
Барселона синоќа успеа да го освои трофејот на шпанскиот Суперкуп со победа над Реал Мадрид (3:2). Но, радоста во каталонскиот клуб траеше кратко поради вестите кои пристигнаа од главниот град на Франција.
Со ова, Барселона успеа повторно да го одбрани трофејот победувајќи го Реал Мадрид втора година по ред.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Завршницата повторно се одржа во Саудиска Арабија, во Џеда, каде видовме уште еден спектакуларен дуел помеѓу старите ривали.
На крајот, Барселона извојува победа од 3:2 и го освои првиот трофеј оваа сезона, продолжувајќи ја доминацијата над Реал, бидејќи ова е трето последователно финале во кое ги победуваат.
Сепак, славјето на Барселона беше прекинато поради вестите кои наутро пристигнаа од Париз.
Шпанските медиуми јавуваат дека ПСЖ има намера да го “украде” играчот кој сезонава ја освои симпатијата на каталонските навивачи.
Станува збор за Маркус Рашфорд, кој игра на позајмица од Манчестер Јунајтед, а Каталонците веќе покажаа интерес да го задржат англискиот репрезентативец и на лето да го откупат неговиот договор.
Сепак, реномираниот весник „Marca“ известува дека ПСЖ е решен да им ги замати сметките на Барселона и да го купи Рашфорд од Манчестер Јунајтед со понуда која каталонскиот клуб нема да може да ја надмине.
🚨🚨🌕| BREAKING: PSG want to OUTBID Barcelona to sign Marcus Rashford by offering €50M to Man United.
— Managing Barça (@ManagingBarca) January 12, 2026
PSG will play a key match against Paris FC in the French Cup tonight.
[@marca] 🇫🇷💰 pic.twitter.com/SrRXg2esgS
ПСЖ сака да ја надмине понудата на Барселона со купување на договорот, бидејќи Каталонците имаат намера да платат околу 30 милиони евра за Рашфорд, но европскиот шампион наводно сака да понуди скоро двојно повеќе.
Според „Marca“, ПСЖ подготвил понуда од 50 милиони евра за Рашфорд, бидејќи и тие се импресионирани од неговата игра во Барселона оваа сезона и сакаат да го ангажираат од следната сезона во Париз.
Единствената надеж за Барселона би можела да биде ако Рашфорд сака да продолжи да игра за нив, бидејќи ужива во тимот и може да одлучи да остане на Камп Ноу.