
Барселона синоќа успеа да победи против Осасуна со 3:0, но главна тема е Иниго Мартинез, бидејќи гостите сметаат дека тој немал право да настапи на овој натпревар. Осасуна сака да вложи жалба и да добие три бода на зелена маса, но од тоа нема да има ништо бидејќи една работа воопшто не им оди во прилог.
Барселона и Осасуна одиграа заостанат натпревар од 27. коло на Ла Лига, а Каталонците без поголеми проблеми успеаа да стигнат до нови три бода.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Домашниот тим на „Монтјуик“ славеше со 3:0, а головите ги постигнаа Феран Торес, Дани Олмо и Роберт Левандовски.
Сепак, по натпреварот, во шпанската јавност одекна веста дека Осасуна ќе вложи жалба и ќе бара да се поништи резултатот, и да добијат три бода, бидејќи сметаат дека Барселона прекршила правило.
Од Осасуна порачаа дека Иниго Мартинез не смеел да игра и дека е прекршено правилото на ФИФА кое забранува на Барселона да го користи овој играч.
Се работи за тоа што Иниго Мартинез не играл за Шпанија поради повреда, а правилото на ФИФА наложува дека играчот нема право да игра за клуб во наредните пет дена од последниот натпревар на репрезентацијата во тој прозор.
Синоќешниот натпревар беше одигран четири дена по натпреварот Шпанија – Холандија, а познато е дека Мартинез не играше за „Црвената фурија“ поради повреда која ја здоби на 16 март во дербито во Мадрид против Атлетико.
Доколку Мартинез беше тој што на своја рака одлучи да не игра за репрезентацијата, Осасуна ќе ја добиеше жалбата. Сепак, шпанскиот медиум „Релево“ наведува дека од таборот на репрезентацијата одлучија Мартинез да не доаѓа и поради тоа беа дополнително поканети други играчи, што значи дека имаше право да игра синоќа.