Дани Олмо (26) летово се врати во Барселона откако клубот го купи од Лајпциг за 55 милиони евра. Сепак, Барселона и Олмо се соочуваат со сериозни проблеми. Играчот кој има 15 настапи и шест голови за Барселона има проблеми со регистрацијата за следната година. Имено, неговата регистрација од 1 јануари е под знак прашалник поради кршење на финансискиот фер-плеј од Барса.
Според информациите од AS, Олмо во договорот има клаузула дека може да го напушти клубот на 1 јануари ако не биде регистриран, но сепак неговата иднина во Барселона е сигурна. Клубот нашол начин да собере потребните средства и го уверуваат дека ќе го регистрираат, не само до крајот на следната сезона или година, туку до крајот на неговиот договор, односно до летото 2030, за да избегнат непријатни изненадувања како ова сега.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Планот на Барселона е продажба на ВИП ложи на новиот Камп Ноу, односно долгорочна продажба на места во ложите. За овие места постои долга листа на заинтересирани богаташи, не само од Шпанија, туку и од целиот свет. Со оваа акција, клубот очекува да собере 120 милиони евра.