
Пеп Гвардиола силно сака да ја зајакне офанзивната линија на средниот ред, а сега Манчестер Сити ќе се обиде да го доведе Дани Олмо!
Оваа вест ја пласираше доверливиот извор Матео Морето кој тврди дека Сити сѐ уште сонува за Олмо, кој го контактираа во зимскиот преоден рок, кога Барселона имаше проблеми со неговата регистрација, но тогаш Шпанецот размислуваше само за останувањето.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Ситуацијата ни сега не е многу променета, ставот на Барса е дека Олмо не е за продажба, а и самиот играч не размислува за заминување, но Морето тврди дека сѐ зависи од понудата што ќе ја испрати Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола гледа кон многу цели, првата е од претходно Флоријан Вирц, кој е поблиску до Баерн Минхен, додека во игра е и Тијани Реијндерс од Милан, кој сепак има нешто поодбранбени карактеристики.
Олмо и порано, пред доаѓањето во Барселона, беше поврзан со Сити, но неговата прва желба беше враќање во Каталонија.
Олмо помина низ разни проблеми оваа сезона, освен привременото прекинување на регистрацијата, имаше и неколку повреди, па му беше тешко да ја најде вистинската форма.
Олмо одигра 36 натпревари, постигна 11 гола и запиша шест асистенции, што и не е толку лошо ако се земе сѐ во предвид.
Не е познато колкава сума би можела да ја натера Барса да се премисли, но не треба да се заборави дека Олмо беше платен 55 милиони евра, па сигурно нема да се размислува за понуда помала од 70-75 милиони евра…