Дома Фудбал Барселона ја „гази“ времето: Гигантите веќе влегуваат во трка за Олмо

Барселона ја „гази“ времето: Гигантите веќе влегуваат во трка за Олмо

Нема мир во Барселона, сега сé е во рацете на Ла Лига и нивните службеници, кои до полноќ имаат рок да ја проверат документацијата и регистрираат Данi Олмо. 

Како што е познато, на Барса им беа одбиени две жалби во текот на изминатите денови и Жоан Лапорта беше принуден да повлече нови потези. 

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Барселона одлучи во наредните 20 години да ги продаде ВИП ложите на обновениот „Камп ноу“ на една компанија од Дубаи, но Ла Лига е внимателна, иако клубот навреме ја достави сета документација.

Проблемот е во тоа што Барселона претходно истото го правеше и повлекуваше такви потези, а подоцна од една компанија не ги доби парите, односно, договорот пропадна. 

Ла Лига сега инсистира парите да бидат уплатени однапред, авансно, а Барса уверува дека сé е сторено согласно прописите и дека Ла Лига е должна да ја заврши неопходната документација денес.

Во спротивно, ако денес Дани Олмо не биде регистриран, тој ќе стане слободен играч!

Тоа ќе се обидат да го искористат неколку клубови, а се спомнуваат – Пари Сен Жермен, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Арсенал!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал вчера сруши рекорд на Мбапе во Лигата на шампионите

Младиот талент на Барселона, Ламине Јамал, вчера вечер запиша уште еден неверојатен рекорд…