Дома Фудбал Барса загрижена поради Араухо – замената пристигнува веќе на зима!?

Барса загрижена поради Араухо – замената пристигнува веќе на зима!?

Роналд Араухо поминува низ најтешкиот период во својата кариера.

Уругваецот побара од Барселона да се повлече привремено, поради психолошки проблеми предизвикани од огромни критики на неговата сметка.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Агентите на Араухо минатата недела се сретнаа со спортскиот директор Деко, за да укажат на проблемите низ кои поминува уругвајскиот стопер, па клубот му порачал дека има голема поддршка и дека може да земе колку време му е потребно за да се опорави. 

Араухо неколкупати беше означен како главен виновник поради своите лоши настапи кога беше најважно, во Лигата на шампионите, и претходно беше на мета на критики. Сега очигледно пукнал под притисок и одлучил да се повлече и да ги преброди психолошките бариери.

Сепак, тоа не значи дека Барселона не ги разгледува опциите на пазарот. Доверливи извори пишуваат дека Ханси Флик дефинитивно побарал замена за Ињиго Мартинез која не пристигнала откако одличниот стопер летоска си заминал во Ал Наср. 

Првата и најголемата желба на Ханси Флик е неговиот сонародник – Нико Шлотербек. Тој има договор со Борусија Дортмунд до лето 2027 година, значи дека дури во јуни влегува во последната година од договорот и Германците ќе го продадат тогаш, но не е невозможно и порано.

Јануари би можел да биде интересен доколку Араухо не се врати, па Шлотербек се најавува како најлогичното решение.

Тој дебитираше за репрезентацијата токму кога Флик беше селектор, има 26 години и вистински е моментот за поголем напредок во кариерата.

Шлотербек пристигна во Дортмунд во јануари 2022 година за 20.000.000 евра, па јасно е дека Борусија ќе може и убаво да заработи од неговиот трансфер. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не сте виделе: Ова е најбизарниот црвен картон некогааш добиен (Видео)

Полуфиналето на Суперкупот на Индија помеѓу Гоа и Мумбаи започна со невообичаено сценарио …