
Иако има уште неколку месеци до почетокот на летниот трансфер период, Барселона веќе донела одлука за иднината на позајмениот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, според информациите од каталонскиот “Спорт”.
И покрај тоа што откупната клаузула изнесува 30 милиони евра, што во лето Барселона треба да му ги плати на Јунајтед за англискиот репрезентативец, каталонскиот гигант проценил дека на пазарот нема подобра опција од Рашфорд за таа сума.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Токму затоа ќе направат сè што е можно за да го задржат играчот и следната сезона, кој поради недоразбирања со Рубен Аморим прво ја помина втората половина од минатата сезона во Астон Вила, а потоа од летото се приклучи на Барселона.
Колку е важно присуството на Рашфорд во играта на Барселона најдобро покажува фактот дека тимот на Ханси Флик загуби во натпреварите против Жирона и мадридски Атлетико, кога Англичанецот поради повреда на колено не беше на теренот.
Во неделата се врати во составот со убедлива победа против Леванте, но целиот натпревар го помина на клупата бидејќи Флик немаше потреба да го внесе при висока предност на својот тим.
Иако спортскиот директор Деко и неговите најблиски соработници биле скептични во врска со Рашфорд, давајќи му ограничена доверба, Англичанецот брзо ги уверил обратно и со блескави настапи во домашното првенство и на меѓународната сцена ја покажал својата вредност.
Затоа се очекува неговиот договор да биде откупен, иако Барселона ќе се обиде да ја намали цената колку што е можно, без разлика што не е познато какви се плановите на Јунајтед со Рашфорд по заминувањето на Аморим.