Дома Фудбал Баерн води во трката за грчкото чудо од дете: Генк бара 40.000.000 евра.

Баерн води во трката за грчкото чудо од дете: Генк бара 40.000.000 евра.

Константинос Карекас би можел да стане нов рекордер во белгискиот фудбал иако има само 17 години.

Можеби сега името Константинас и презимето Карекас не ви значат многу, но скаутите на големите европски клубови со години го следат развојот на новопечениот репрезентативец на Грција и еден од најголемите фудбалски таленти на Стариот континент. Фудбалската федерација на Грција и селекторот Иван Јовановиќ неодамна постигнаа голема победа убедувајќи го 17-годишникот да ја избере Грција, пред неговата родна Белгија, а како што стојат работите, прашање е колку долго ќе остане тинејџерот во редовите на Генк.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Според пишувањето на доверливиот грчки портал Спорт 24, Минхенскиот Баерн е решен да го донесе суперталентираниот офанзивен играч за врска и се наоѓа на пол позиција за неговиот потпис. Но, на патот до преселбата на Карекас на Алијанц арената стои огромната отштета од 40.000.000 евра, потенцијално најголема во историјата на белгискиот фудбал.

Скаутите на германскиот великан токму поради Карекас ја следеа претходната утакмица на Генк против Унион Сен Жилоаз, во која младиот играч за врска на теренот помина 81 минута. Компани беше восхитен од фудбалските квалитети и талентот на момчето родено 2007 година.

Ако Баерн се согласи на условите на Генк, Карекас ќе стане еден од десетте најголеми купувања во историјата на Баварците, а трет најскап играч за врска после Жоао Палиња (51.000.000) и Корентан Толисо (41.000.000). Исто така ќе го сруши рекордот на белгискиот фудбал кој го држи Шарл Де Кетеларе. Неговиот трансфер од Клуб Бриж во Милан изнесуваше вкупно 37.500.000 евра.

Баерн е на пол позиција, но не е сам на трката. Карекас го следат и англиските великани Ливерпул и Челси, а не е исклучено дека постојат и други заинтересирани кои сè уште не го откриле своето присуство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Првиот активен фудбалер кој се изјасни како геј: И денес добивам смртни закани

Џош Кавало во октомври 2021 година стана првиот активен професионален фудбалер што се изја…