Дома Фудбал Баер Леверкузен договори две засилувања – едно од европскиот шампион, друго од Премиер лигата

Баер Леверкузен договори две засилувања – едно од европскиот шампион, друго од Премиер лигата

Леверкузен заврши голем трансфер. Иако се очекува заминување на неколку првотимци (некои веќе заминаа, други се на пат), Баер Леверкузен ќе работи и на нови доаѓања, а првиот кој ќе го облече дресот на „фармацевтите“ ќе биде Аксел Тап.

Овој млад централен дефанзивец има само 17 години и се смета за еден од најперспективните фудбалери во Европа, доаѓа од Пари Сен Жермен сосема бесплатно.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Неодамна одигра две цели натпревари по 90 минути во Лига 1. Сепак, во финалето на Лигата на шампионите против Интер, кое ПСЖ го доби со 5:0, не беше во составот.

Договорот го потпиша до 2030 година.

Тоа не е сè, се завршува и трансферот на голманот Марк Флекен. Овој фудбалер ќе биде платен 10 милиони евра, а на неговото место во Брентфорд доаѓа Келехер од Ливерпул.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиерлигаш ниту крив, ниту должен ќе остане без Европа!?

Фудбалерите на Кристал Палас би можеле да останат без учество во Лига Европа, прво на меѓу…