Шпанските медиуми, поточно „АС“ ги објави деталите за новиот договор со Леванте на македонскиот репрезентативец, Енис Барди.
Македонскиот репрезентативец, кој откако дојде во Шпанија воодушевува со своите фудбалски квалитети, посебно со мајсторство во изведување на слободните удари, во Леванте пристигна од Ујпест за сума од 1.5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барди минатата сезона беше стрелец на девет погодоци, а пет од нив беа постигнати од слободен удар, оваа сезона успеа да биде стрелец на еден погодок кој беше ремек-дело од слободен удар.
Како што споменавме „АС“ ги објави деталите на договорот кој се очекува фудбалерот да го потпише по враќањето во Леванте, после натпреварот против Ерменија.
Барди со новиот договор би се обврзал со верност кон Леванте до 2022 година, а покрај тоа ќе биде вметната и откупна клазула која е највисока за еден македонски фудбалер – 50 милиони евра.
Ќе потсетиме, во договорот кој го потпиша пред една година, Барди има откупна клазула од 25 милиони евра. Информации за неговата плата во новиот договор засега не се откриваат.