Дома Фудбал Англија Aртета по поразот од Брентфорд: Разочаран сум

Aртета по поразот од Брентфорд: Разочаран сум

Новата сезона во Англија за Арсенал започна разочарувачки.

Брентфорд со 2:0 ги победи „топџиите“ на отварањњето на Премиер лигата.  По натпреварот стратегот на Арсенал, Микел Артета секако беше разочаран.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Разочаран сум, иако ја започнавме сезоната против добар противник. Со ваква игра не заслуживме ништо друго освен пораз. Премалку се доближувавме до шеснаесетникот, потребни ни се повеќе удар кон противничкиот гол“.

Обамејанг и Лаказет не играа во овој натпревар.

„Сигурно дека ни недостасуваа. Знаевме дека нема да сметаме на нив, не знам дали ќе ги имам за следниот натпревар“, изјави Артета.

За екипата на Брентфорд ова беше прв натпревар во англиската елита утше од сезоната 1946/1947.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еве колку заработи Португалија со освојувањето на Лигата на нации

Португалија триумфираше во Лигата на нации по подобро изведување пенали против Шпанија. На…