Дома Фудбал Англија Aртета задоволен: Подобри сме од минатата сезона

Aртета задоволен: Подобри сме од минатата сезона

Aрсенал во завршницата од Премиер лигата е ќе биде во сериозна битка и со реални шанси да избори место во Лигата на шампионите после долго време, а стратегот на „топџиите“ Микел Артета потврди дека клубот е насочен кон креирање и на планови за следната сезона.

Неодамна спортскиот директор на Арсенал, Еду истакна дека ќе бидат донесени две засилувања, а Артета истакна дека сите кои се под договор со Арсенал ќе останат.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„Точно е дека правиме планови за следната сезона. Не е лесно да се справиме со ситуацијата, но планот е јасен. Секој играч кој има договор со Арсенал е наш играч и ќе биде вклучен во нашите планови. За секого имаме планови како би можел да влезе во нашиот тим со поважна улога“.

„Сега имаме поразлични играчи и поразличен состав. Од голема корист е што тимот напредуваше од лани и сме подобри. Важно е што постојноста на резултатите е подобра, а ние се трудиме да напредуваме со секој нов ден“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барди се сели во нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди стави точка на својата авантура во турскиот Бодрум…