Дома Фудбал Лига на шампиони Aнчелоти: Ова беше натпревар за уживање за секој фудбалски фан

Aнчелоти: Ова беше натпревар за уживање за секој фудбалски фан

Италијанскиот стратег на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти порача дека после поразот од од 3:4 во полуфиналето на „Итихад“ покажале дека никогаш не ја губат главата дури и во најтешките моменти.

Во осминафиналето Реал Мадрид на три пати се враќаше од два негатива, претходно во тешка ситуација беа и против ПСЖ во осминафиналето, а против Челзи на десет минути до крајот се изборија против продолженија. Сити вчера после само десет минути игра имаше 2:0.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Моите момци покажаа дека не ја губат главата дури и кога работите се најтешки и најсложени. Првите 20 минути беа навистина тешки, но потоа полека се враќавме чекор по чекор. Како фан на фудбалот ова беше натпревар за уживање, фантастичен фудбалски спектакл. Сепак, како тренер морате да гледате поинаку, ние лошо започнавме со два брзо примени гола. Сега тие треба да гостуваат кај нас и верувам дека имаме добри шанси да играме во финале“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …