Дома Македонски спорт Aнгеловски: Препораката од Адеми можеби беше клучна да дојдам во Горица

Aнгеловски: Препораката од Адеми можеби беше клучна да дојдам во Горица

Пред неколку дена поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски се врати на тренерската работа и потпиша договор со хрватскиот тим Горица.

Горица ќе се бори за опстанок до крајот на сезоната и тоа ќе биде главната задача на Ангеловски. Ова е прв ангажман на Ангеловски после заминувањето од селекторската функција во репрезентацијата пред една година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Секогаш тимот е пред секој поединец. Кога во 2014 бев шампион со Работнички мојот тим имаше просек од 19 години, главни играчи беа Елиф Елмас, Столе Димитриевски, Дарко Велковски…Првото нешто кое го направив кога дојдов во Горица беше да гледам натпревар на младинската екипа, тоа е богатство на секој клуб“.

Откри Ангеловски дека бил препорачан од Адеми.

„Блгодарен сум на Хрватска што на Македонија и отстапи еден таков играч, горд сум што е мој пријател. Можеби неговата препорака беше клучна за целата работа да се реализира“, изјави Ангеловски во интервјуто за „Спортске Новости“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…