Дома Фудбал Останато Aлегри за Погба: Покажа непочитување кон соиграчите

Aлегри за Погба: Покажа непочитување кон соиграчите

Јувентус вчера славеше победа во Лигата на Европа против Фрајбург од 1:0 во првиот осминафинален натпревар, а за овој натпревар во составот на клубот од Торино не беше Пол Погба.

Погба неодамна се врати од тешката повреда која ја заработи пред почетокот на сезоната и добиваше минути на последните два натпревари во Серија А.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Против Фрајбург остана надвор од тимот затоа што задоцнил на тренингот денот пред натпреварот. Масимилијано Алегри на прес-конференцијата по мечот ја објасни одлуката.

„Погба доцнеше на тимската средба на ден пред натпреварот и затоа не беше денес во составот, покажа непочитување кон соиграчите и целата група. По натпреварот ќе биде назад во составот и во комбинација за следните натпревари“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Крилен фудбалер се „чекира“ во Барселона: Среќен сум што доаѓам во шампионот

Барселона е на прагот да заврши договор за да го направи Руни Бардаџи своето второ засилув…