Многумина се сомневаат дека ова е потег со цел да го убеди Перез да му ја спушти цената…
Сергеј Милинковиќ Савиќ крена голема прашина на Апенините откако денес не се појави на редовните медицински прегледи во Лацио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веднаш започнаа шпекулации за потенцијален трансфер на српскиот репрезентативец. Неговиот менаџер Матеја Кежман, сега во јавноста ја откри причината за непојавувањето на Сергај иако многумина се сомневаат во вистинитоста на неговата изјава.
„Сергеј го пропушти летото поради големиот метеж во собраќајот во Белград“, изјави Кежман за „Калчомеркато“.
„Тој ќе започне да тренира со тимот, а прегледите ќе ги направи утре наутро. Ова не е никаков обид да се продаде, нема никакви проблеми помеѓу мене, клубот и Сергеј“, заклучи Кежман.