Неколку години наназад српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на излезена врата од Лацио, но тој најверојатно најмногу поради првиот човек Клаудио Лотито се уште е играч на небесносините.
Лотито бара огромна сума и не попушта, не сека ниту да преговара за понуда од под 100 милиони евра. Но, сега Савиќ влегува во последната година од договорот и Лотито би можел да попушти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во претходните денови се шпекулираше дека Јувентус ќе испрати понуда вредна 40 милиони евра, меѓутоа сега на вратата на клубот од Рим тропнале и пребогатите Саудијци. Клубот кој ќе веќе ги доведе Калид Кулибали и Рубен Невеш, Ал Хилал наводно е спремен да плати и до 150 милиони евра.
Нема дилеми дека Лотито ќе ја прифати таа понуда ако навистина ја доби. Сепак, прашање е колку желба Савиќ има да се пресели во Саудиска Арабија на 28 години. Но, со оглед на тоа што се случува во последниот период и не би било преголемо изненадување и да ја прифати понудата.