Дома Фудбал Асистенцијата е најбескорисната статистика во фудбалот

Асистенцијата е најбескорисната статистика во фудбалот

Менаџерот на Тотенхем Ангелос Постекоглу се осврна на асистенцијата на напаѓачот на Спарс, Деин Скарлет на натпреварот против Ипсвич (4:1).

„Направи добра работа. Реков дека кога се врати не беше во најдобра физичка форма, но работи напорно и се надевам дека ќе добие повеќе можности,“ истакна Постекоглу и продолжи:

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„За дигресија, морам да кажам дека асистенцијата е најбескорисната статистика во светскиот фудбал. Сериозно, топката може да се одбие од вашите гради, да падне во нозете на некого на средината на теренот и тој да постигне гол, а тоа би била асистенција. Затоа не сум импресиониран, но учинокот на Деин беше добар.“

Скарлет во победата против Ипсвич во 26. коло на Премиер лигата од својата половина на теренот со глава ја префрли топката до Дејан Кулушевски кој го постигна четвртиот погодок за својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играчите на Ливерпул збеснаа – дали се оштетени за пенал против Реал?

ФУДБАЛЕРИТЕ на Ливерпул го совладаа Реал Мадрид со 1:0 на Енфилд, а единствениот гол на на…