Дома Фудбал Артета веќе размислува на засилувањата: Арсенал има две мети!

Артета веќе размислува на засилувањата: Арсенал има две мети!

Еван Ендика е еден од фудбалерите кои процветаа од доаѓањето на Клаудио Раниери во Рома. 

Овој 25-годишен фудбалер кој игра на позицијата стопер покажа дека се работи за одличен играч, левоног дефанзивец кој може да одговори на некои барања кои ги има Артета во одбраната на Арсенал. 

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Според информациите од “Газета”, Арсенал веќе разговарал со Рома за цената, а заинтересирани се и Њукасл и ПСЖ. 

Цената е помеѓу 30 и 40 милиони евра. 

Освен тоа, нова информација од Англија е дека Арсенал ја следи ситуацијата околу Езе кој ги извести челниците на Палас дека сака да го напушти тимот на крајот од сезоната. 

Освен Арсенал, заинтересирани за овој одличен крилен играч се и Њукасл, Астон Вила и Челси, како и Ливерпул. 

Фото: Arsenal/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од отпишан до МВП признание: Јовиќ стана најдобар играч во Милан

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ е прогласен за играч на месецот во Милан. Се шпекулираше за з…