
На тренерот на Арсенал, Микел Артета, зборовите сами му излегуваа без прашања од новинарите по историската победа на неговиот тим во Мадрид против Реал и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите каде што ќе игра двомеч против ПСЖ.
“Дефинитивно една од најдобрите ноќи во мојата фудбалска кариера. Игравме против тим со најголема историја. Тоа беше инспирација за сите нас во ова натпреварување. Знаевме дека ќе биде многу тешко на реваншот. По само две-три минути сфаќате дека на овој стадион може да се случи сѐ. За среќа, многу работи ни тргнаа од рака. Генерално, го направивме она што моравме за да победиме. Мораме да бидеме многу горди на себе поради начинот на кој го елиминиравме Реал”, рече Артета пред собраните новинари.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Меѓу осумте четвртфиналисти, Арсенал беше единствениот заедно со ПСЖ кој никогаш ја нема освоено Лигата на шампионите.
“Историјата на ова натпреварување за нас е толку кратка. Само трет пат успеавме да стигнеме до овде, но сега на овој успех треба да градиме понатаму. Верувавме дека можеме и ова искуство сигурно ќе ни помогне во иднина. Го гледав натпреварот на ПСЖ и беше лудо. Го познавам нивниот тренер, Луис Енрике, и направи одличен тим, сосема поинаков, но ајде прво да уживаме”, кажа Артета.
🚨 Микел Артета: „Анчелоти ми рече дека се надева дека Арсенал ќе ја освои Лигата на шампионите.” pic.twitter.com/09y6eGQWei
— Madrid Xtra (@MadridXtra) April 16, 2025
Тој откри дека тренерот на Реал, Карло Анчелоти, веднаш му пристапил по натпреварот.
“Дојде до мене веднаш откако заврши натпреварот и ми рече дека се надева дека Арсенал ќе ја освои Лигата на шампионите”, рече Артета.
Инаку, Арсенал и ПСЖ ја играат првата полуфинална средба на 29 април во Лондон, а реваншот е на 7 мај во Париз.
Фото: Arsenal