
Раководството на УЕФА донесе одлука за промена на правилата пред почетокот на групната фаза на Лигата на шампионите по извештаите за негативните реакции на Арсенал на она што им се случи во минатата сезона.
Во изминативе години УЕФА направи неколку промени во правилата, форматите, и создаде ново натпреварување кое го нарекле Конференциска лига.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Минатата година и Лигата на шампионите и Лигата на Европа претрпеа големи промени. Така, во овие натпреварувања се најдоа 36 тимови, наспроти претходните 32.
Арсенал минатата сезона стана жртва на системот бидејќи беа приморани да играат против Реал Мадрид дома во првиот натпревар од четвртфиналето иако завршија трети во лигашката фаза.
Од друга страна, Реал Мадрид го обезбеди пласманот преку баражот и тоа по победата над Манчестер Сити.
И покрај победата над Реал Мадрид во двата натпревари, Топџиите изразија загриженост до УЕФА во врска со форматот, тврдат новинарите на Мирор.
Меѓувремено, беше направена промена според документот на УЕФА за правилата на Лигата на шампионите.
„Носителите, односно тимовите рангирани од 1. до 4. место во лигашката фаза играат реванш натпревар дома во четвртфиналето, а тимовите рангирани на 1. и 2. место исто така играат реванш натпревар од полуфиналето дома.
Фото: Grok AI