Универзалецот Олександр Зинченко може да го напушти Арсенал во зимскиот преоден рок.
Според информациите од Скај спорт, Борусија Дортмунд е сериозно заинтересирана за неговото доаѓање до крајот на јануари.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Наводно, Дортмунд му нуди на Арсенал опција за заем, но и задолжителен откуп на крајот на сезоната. Се шпекулира дека обештетувањето летово би можело да изнесува најмалку 20 милиони евра.
Украинецот повеќе не е во прв план кај Микел Артета, пред него е Рикардо Калафјори, а на левата страна играше и Јуријен Тимбер, па се чини дека можеби е дојдено време за разделба.
Зинченко пристигна како големо засилување од Манчестер сити, летото 2022 година за 35 милиони евра и беше од големо значење, но сега потполно падна во втор план.
Оваа сезона одигра само 11 натпревари во сите натпреварувања, на теренот помина 331 минута, поради повреда, но и по закрепнувањето остана стандардна резервна опција.
Не е тајна дека Артета сака да го засили нападот, опција е повторно Душан Влаховиќ, но за тоа е потребно да се наполни касата. Зинченко изгледа како оптимално решение…