Дома Фудбал Арсенал се откажа од Шешко

Арсенал се откажа од Шешко

Вицешампионот на Англија, Арсенал, во моментот не може да напредне во обидите да го доведе словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко, тврди германскиот новинар Флориан Плетенберг.

Според него, раководството на „топчиите“ нема намера да плати како што бара РБ Лајпциг помеѓу 80 и 100 милиони евра. Тоа е и една од причините зошто до сега нема официјална понуда од страна на клубот од Северен Лондон

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Личните услови на Шешко исто така се уште не се утврдени, што претставува уште една пречка за реализирање на трансферот.

Резервната опција за Арсенал за централен напаѓач останува Виктор Ѓокереш. Во клубот се убедени дека ќе можат да ги осигураат услугите на шведскиот напаѓач за сума меѓу 60 и 70 милиони евра, но сè уште немаат јасност дали Спортинг Лисабон нема да бара повеќе. Откупната клаузула во договорот на Ѓокереш со Спортинг е 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдена е казната на Дин Хаусен

Апелационата комисија на Шпанската фудбалска федерација денес ја потврди одлуката на Дисци…