Дома Фудбал Арсенал се насочува кон Родриго

Арсенал се насочува кон Родриго

Арсенал има интерес за напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго. Бразилецот е во плановите на „топџиите“, кои сакаат да ја засилат својата нападна линија летово. Приоритетни позиции за клубот се левото крило и централен напаѓач, како што се разгледуваат неколку потенцијални трансферни цели за секоја од нив.

Новиниот спортски директор на Арсенал, Андреа Берта, кој започна со работа во март, собира информации за најдобрите играчи на секоја позиција, пред да донесе конечна одлука со менаџерот Микел Артета кои трансфери да бидат реализирани.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Родриго е меѓу водечките имиња за позиција лево крило, заедно со Нико Вилијамс, Лерој Сане и Морган Роджерс.

Според информации од Шпанија, Родриго ќе одржи разговори со новиот менаџер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, оваа недела. Иднината на 24-годишниот фудбалер останува нејасна, иако има уште три години од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Киву веќе има план за посилен Интер: Пристигнуваат три засилувања!

Доаѓа времето за трансфер период во Интер, и по заминувањето на Симоне Инзаги, сигурни сме…