Дома Фудбал Арсенал ита кон титулата, но и големо засилување од Баерн: „Близу е!“

Арсенал ита кон титулата, но и големо засилување од Баерн: „Близу е!“

Лондонскиот клуб оваа сезона по долго време може да се искачи на тронот на Премиер лигата. Тимот на Микел Артета во моментот има +7 во однос на Манчестер Сити и осум кола пред крајот е многу блиску до титулата.

Покрај тоа, Топџиите се блиску и до ангажирање на фудбалерот на Баерн, Леон Горецка. Германецот е истакната цел на Арсенал, а според новинарите од Германија, имаат најголеми шанси за потпис, иако играчот го сакаат и други големи тимови.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тимот на Арсенал за засилувања оценува неколку профили на играчи во средниот ред, а Горецка им одговара на описот и носи многу квалитет, но и искуство во играта.

Интересот за Горецка се протега подалеку од северен Лондон. Водечкиот тим од Серија А, Интер, исто така ја следи ситуацијата, додека и Тотенхем изрази интерес. Сепак, се чини дека Арсенал во моментот ја држи најсилната позиција, што го истакна германскиот новинар Кристијан Фалк во коментарите за CF Bayern Insider.

“Вистината е: Арсенал моментално води во трката за Леон Горецка. Тоа навистина е вистина од перспектива на Горецка. Топџиите не дадоа понуда во јануари, но сигнализираа дека се свесни за фактот дека Горецка размислува за напуштање на Баерн. Беа водени многу конкретни разговори со Атлетико – нивниот спортски директор беше во Минхен. Целта на играчот е да отиде во Премиер лигата; би сакал да игра за Арсенал. Секако, не може да гарантира дека Арсенал ќе се врати летово со конкретна понуда. Во срцето чувствува дека ова би бил совршен следен клуб.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ханзи Флик: Њукасл ќе не притиска и треба да се браниме добро

Барселона продолжува со учеството во Лигата на шампионите со дуел против Њукасл во осминаф…