
Арсенал го донесе првото засилување за ова лето, блиску е до договор со второто, а барем уште две големи засилувања ќе пристигнат на Емиратите ова лето.
И покрај фактот што ниту оваа сезона не освоија ниту еден трофеј, Арсенал игра добро, но јасно е дека им недостасува нешто за да бидат први.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Според информациите на „TEAMtalk“, Микел Артета добил целосна поддршка од сопствениците на тимот од „Емирати“, и ова лето ќе биде многу интересно за навивачите на Арсенал.
Првото засилување на Арсенал е Мартин Зубименди, играч на Реал Сосиедад, кој за 60 милиони евра пристигнува на Емиратите ова лето.
Топџиите ја активираа откупната клаузула за овој фудбалер и тој во тимот на Арсенал ќе го заземе местото на Жоржињо, кој преминува во Фламенго како слободен играч.
Следниот чекор, како што тврдат новинарите на „The Independent“, е доведување голман, а тоа ќе биде Хоан Гарсија.
Како што пренесуваат медиумите, на листата на желби се Виктор Ѓокереш и Нико Вилијамс, кои во наредните месеци ќе треба да го облечат дресот на Арсенал.