Дома Фудбал Арета има голема желба, Арсенал може да има страшен напад!

Арета има голема желба, Арсенал може да има страшен напад!

Микел Артета има амбиција да го зајакне нападот на Арсенал, бидејќи тоа му беше една од најголемите слабости минатата сезона.

Иако Арсенал не успеа да освои ниту еден трофеј, бележеше напредок стигнувајќи до полуфиналето во Лигата на шампионите, додека во Премиер лигата заврши на второто место.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Артета верува дека би можел да го направи неопходниот чекор напред во барем еден од овие две важни натпреварувања, Премиер лигата или Лигата на шампионите, додавајќи го Родриго како клучен играч во тимот.

Според познатиот мадридски новинар, Марио Кортехана, Артета е “вљубен во Родриго” и го следел и анализирал долго време, уверувајќи се дека би бил совршено лево крило за Арсенал.

Ова е суштински важно и за Бразилецот – конечно би можел да игра на својата омилена позиција, на левата страна, што во Реал Мадрид не му е овозможено поради Винисиус Жуниор.

Кортехана додава дека Артета е решен да го донесе Родриго веќе ова лето и чека да види каква ќе биде улогата на Бразилецот под водство на Чаби Алонсо, бидејќи се шпекулира дека можеби нема да биде редовен стартер.

Доколку тоа се случи, Арсенал е подготвен да лансира офанзива, но ќе биде јасно дека ќе мора да плати над 90 милиони евра.

Фото: Arsesenal FC/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто на Светското клупско првенство не играат: Ливерпул, Барселона, Наполи, Арсенал, Милан…?

Многумина во Европа, збуни кои тимови ќе учествуваат на историското Светско првенство за к…