Aгенцијата за млади и спорт (АМС) вчера ги објави ваучерите за клубовите за претстојната 2021 година.
Иако се најавуваше дека Вардар нема да добие ваучер, сепак тоа се случи. Се најавуваше дека Вардар може да остане без ваучер поради промената на името. Меѓутоа ракометниот клуб на Вардар го доби највисокиот ваучр помеѓу клубовите од 19 милиони денари или околу 310.000 евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Е.Пелистер и Металург добија ваучери од по 17.5 милиони денари (285.000 евра).
Помеѓу фудбалските клубови најмногу доби Шкендија (10.8 милиони денари), следат Шкупи со 10 милиони денари и Ренова 9.5 милионери. Вардар доби 8.4 милиони денари.
Кога се кошаркарите во прашање МЗТ го доби највисокиот со износ од 13 милиони денари, еден повеќе од Работнички, Гостивар 8.7, ФМП 8.2….
Од одбојкарските клубови за ЏИО Струмица беше издвоен највисокиот од четири милиони денари.
Кај федерацииите најмногу доби РФМ и тоа 16 милиони денари, следи Кошаркарската федерација со 14 милиони денари, па Одбојкарската со 112 милиони денари. Фудбалската федерација на Македонија и оваа година не доби ваучер од АМС.