Дома Фудбал Aморим пронајде засилување во Серија А: Манчестер јунајтед ќе плати 40 милиони евра?

Aморим пронајде засилување во Серија А: Манчестер јунајтед ќе плати 40 милиони евра?

Манчестер јунајтед започна офанзива при крајот на јануарскиот преоден рок, а новата цел е – Патрик Доргу.

Во прашање е лев крилен играч, Данец кој настапува за Лече и има само 20 години.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Доргу е роден во Копенхаген, иако потекнува од Нигерија.

Интересно е што на големата сцена се појави дури во Лече, летото 2023 година за само 200.000 евра.

Во Серија А стана еден од најопасните крилни играчи, а интересно е дека иако е левоног, може да игра подеднакво на двете страни на теренот.

Тој е многу заинтересиран да се приклучи на Манчестер јунајтед, но проблемот е што Лече бара огромно обештетување од 40 милиони евра.

Се очекува дека Јунајтед во последните денови на зимскиот преоден рок сепак ќе го осигура неговиот потпис, бидејќи е јасно дека Аморим мора да ја зајакне својата екипа во сите линии на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…