Дома Фудбал Алонсо ѝ постави ултиматум на ѕвездата на Реал: Во недела ти е последната шанса, или докажи се или оди си!

Алонсо ѝ постави ултиматум на ѕвездата на Реал: Во недела ти е последната шанса, или докажи се или оди си!

Реал Мадрид синоќа со многу мака на стартот на новата сезона ја победи Осасуна (1:0), а многумина сметаат дека Чаби Алонсо повторно му стави до знаење на еден од играчите што го чека во новата сезона и дека најверојатно е подобро да ја бара среќата во некој друг клуб.

Имено, Мбапе беше тој што погоди од белата точка за 1:0 и трите поени за Кралевите. Сепак, по мечот најмногу се зборуваше за играчите кои Алонсо одлучи да ги остави на клупата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тоа особено се однесува на Родриго за кого веќе со месеци се зборува дека е незадоволен од статусот во Реал и смета дека заслужува да биде во стартната поставка, но таква желба не му ја исполни ниту Алонсо.

Родриго и синоќа остана на клупата и шанса доби дури средината на второто полувреме каде што не се покажал премногу.

Угледниот Марка пишува дека натпреварот против Овиедо кој се игра во недела ќе биде клучен кога е во прашање судбината на Родриго во кралскиот клуб.

Се пишува дека Родриго ќе добие шанса најверојатно од првата минута и доколку ги оправда очекувањата ќе остане во Реал, но ако не го направи тоа, тогаш ќе му порачаат дека најдобро е да се разделат.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса загрижена поради Араухо – замената пристигнува веќе на зима!?

Роналд Араухо поминува низ најтешкиот период во својата кариера. Уругваецот побара од Барс…