Дома Останати Тенис Алкараз по пласманот во финале: Ѓоковиќ е легенда

Алкараз по пласманот во финале: Ѓоковиќ е легенда

Првпат во кариерата, Карлос Алкараз успеа да го победи Новак Ѓоковиќ на бетон – шпанскиот тенисер синоќа во Њујорк славеше со 3:0 и се пласираше во финалето на Отвореното првенство на САД.

Алкараз има освоено една титула на Отвореното првенство на САД, и тоа пред три години. Ако утре го совлада Јаник Синер, тогаш на секој гренд слем ќе има по две титули.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Не бев оптеретен со тоа што никогаш не сум го победил Новак на бетон. Поважно беше што игравме полуфинале, бидејќи не е лесно да се игра против него. Тешко е да не се размислува за сето она што го постигнал во кариерата. Тој е легенда”, беше искрен Алкараз по синоќешната победа.

Шпанецот на прес-конференција откри што му рекол на Ѓоковиќ по натпреварот.

„Му реков дека е импресивен, дека е импресивно сето она што го направи оваа година на гренд слемовите, пласирајќи се во полуфинале на сите четири, предизвикувајќи многу помлади противници. Му реков дека физички изгледа како да има 25 години, дека е многу импресивно што го задржува тој ниво со 38″, објасни Шпанецот.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз им се закани на противниците: Моето ниво е сè подобро

Карлос Алкараз изгледа сè посигурен, и до противниците испрати јасна порака дека е подготв…