Дома Останати Тенис Алкараз им се налути на организаторите на Индијан Велс

Алкараз им се налути на организаторите на Индијан Велс

Шпанецот двапати последователно го има освоено мастерсот што почнува денес во САД. И бидејќи Јаник Синер не учествува поради допинг, Новак Ѓоковиќ не е ни бледа сенка од оној шампион, Алкараз повторно е прв фаворит, но…

Карлос има еден голем проблем, затоа што организаторите на Индијан Велс ја забрзале подлогата, што него и тоа како го разлутило.

„Малку ја забрзале. Не разбирам зошто го направиле тоа – истакна Шпанецот на прес-конференцијата пред почетокот на првиот мастерс 1.000 во сезоната. – Овој турнир 25 години се играше на иста подлога и сега ја промениле. Навистина не го знам причината. Мислам дека сум тенисер кој се добро прилагодува на различни подлоги, но морам да видам како ќе биде овде. Верувам дека добро играм тенис, дури и кога терените се побрзи, но повторувам дека не разбирам зошто е тоа направено“, вели Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ испрати порака до тенисерот кој сакаше да си го одземе животот (Фото)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ јавно му даде поддршка на аргентинскиот тенисер Федерико Аг…