Александар Волкановски (36), кој некогаш се сметаше за најдобриот УФЦ борец во сите категории, доживеа драматичен пад во очите на фановите само за неколку месеци. Неговата кариера помина низ турбулентен период што значително влијаеше на неговиот статус во светот на мешаните боречки вештини.
На почетокот од минатата година, и покрај поразот од Ислам Махачев, Волкановски сè уште уживаше статус на најдобар борец во УФЦ. Неговата импресивна изведба против противник од потешка категорија само ја зацврсти неговата репутација. Во средината на 2023 година, Волкановски успешно ја одбрани својата титула во перолесна категорија против Хаир Родригез, што доведе до очекувано реванш со Махачев.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
За жал, одлуката на Волкановски да ја прифати борбата со Махачев во кус рок се покажа како фатална. Нокаут во првата рунда значително го намали интересот за нивниот потенцијален трет дуел. Само четири месеци по поразот од Махачев, Волкановски се соочи со Иља Топурија. И покрај предупредувањата дека е прерано за враќање по тежок нокаут, Волкановски инсистираше на активност. Резултатот беше уште еден пораз со нокаут, овој пат во втората рунда.
По серијата порази, Волкановски започна да размислува за крај на својата кариера. Во разговор со Ариел Хелвани, изјави: “Очекувам да одработам уште неколку борби, неколку парчиња. Ќе видиме. Може да се случи ситуација да одработам добар меч и да почнам да извикам: ‘Дајте ми уште седум борби!’ Но колку долго можам така?
Сè уште го сакам сево ова, но прашање е колку долго сакам вака да му правам на себе и на своето тело? Сакам еден ден да заминам во залез на сонцето, веќе почнав да работам на тоа. Овде сум на фарма и уживав во изминатата година. Сè беше неверојатно, многу пораснав додека не се борев.
Навистина се радувам и на таа фаза од мојот живот, но сакам уште еднаш да се обидам, уште еднаш целосно да се посветам. Се надевам да освојам појас, да го одбранам, можеби уште еднаш да го одбранам појасот потоа или да направам голема борба по одбраната на појасот. Потоа можеби ќе бидам готов, така моментално размислувам.”