Дома Фудбал Ал Хилал ќе му плати 62 милиони евра на Нејмар за прекин на договорот

Ал Хилал ќе му плати 62 милиони евра на Нејмар за прекин на договорот

Бразилскиот фудбалер Нејмар повеќе не е член на саудискиот Ал Хилал, откако клубот официјално потврди раскин на договорот.

Одлуката за прекинување на соработката доаѓа само две години откако Ал Хилал плати 90 милиони евра за трансферот на еден од најпознатите фудбалски асови.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Нејмар за Ал Хилал одигра само седум натпревари, во кои вкупно помина 428 минути на теренот.

Клубот се одлучи на раскин на договорот со исплата од 65 милиони долари, што е нешто повеќе од 62 милиони евра, со што се заврши неговата кратка епизода на Блискиот Исток.

Според достапните информации, раководството на Ал Хилал не сакало да преговара за условите на раскинот и очигледно одлучија што побрзо да затворат ова поглавје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Беше икона на Наполи и препознатлив по својата фризура, а денес има и друга страст

Марек Хамшик одигра 520 натпревари за Наполи во периодот од 2007 до 2019 година и одамна с…